Ekipa
20 Април 2017•Ажурирај: 20 Април 2017
АНКАРА (АА) - Денес, актуелниот претседател на Јужна Кореја, Хуанг Го-ан, побара армијата да биде подготвена за итно да одговори на провокацијата на Северна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
Северна Кореја го стави светот во сомнеж по неуспешното лансирање проектил во неделата. Набљудувачите на Пјонгјанг овој месец очекуваат нуклеарно или ракетно тестирање со долг дострел од страна на оваа изолирана држава и ги засилија шпекулациите за превентивен напад од САД.
„Ја повикувам армијата да биде подготвена на можноста за провокации од Северна Кореја и да се зајакне состојбата на готовност за итен одговор“, изјавил Хуанг на состанокот со кабинетот, според локалната новинска агенција Јонхап.
Вицепремиерот на САД, Мајк Пенс, во Сеул оваа недела го предупреди Пјонгјанг да не го искушува Вашингтон, но Хуанг предупреди дека Северна Кореја би можела да направи чекор во секое време.
Ставот на Сеул може да биде привремен, сепак, Јужна Кореја ќе одржи предвремени претседателски избори следниот месец.
Фаворитот на либералите, Мун Џае-ин, кој моментално води на изборите, предизвика критики поради одбивањето да ја признае Северна Кореја како главен непријател на Сеул.
Министерството за одбрана на Јужна Кореја денес ги потсети новинарите дека режимот на Пјонганјг и армијата се опишани како непријател на Сеул во белиот документ минатата година.