Mümin Altaş
05 Август 2016•Ажурирај: 06 Август 2016
АНКАРА (АА) – Турскиот премиер Бинали Јилдирим, по обидот на терористичката организација ФЕТО за државен удар, првпат го посети Генералштабот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Генералштабот Бинали Јилдирим пристигна беше пречекан од страна на началникот, Хулуси Акар, вториот началник на Генералштабот, Умит Дундар, и од врховниот секретар, генерал-мајор Ирфан Озсерт.
Јилдирим ја поздрави воената почесна гарда и потоа се потпиша во книгата на впечатоци на Генералштабот. По пречекот, Јилдирим и армискиот генерал Акар остварија средба.
За посетата на премиерот Јилдирим на Генералштабот, беа преземени цврсти безбедносни мерки. Над главниот службен влез на Генералштабот, на стража беа поставени вооружени припадници на службата за специјални операции. Исто така, местото го чуваа и оклопни возила со оружен систем со далечинско управување.
Во обидот на ФЕТО за државен удар, Генералштабот беше првата цел на војниците-пучисти и овде беа земени за заложници армискиот генерал Хулуси Акар и некои команданти.