Barış Gündoğan
05 Август 2016•Ажурирај: 06 Август 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на турската опозициска Републиканска народна партија (CHP), Кемал Киличдароглу ќе присуствува на Митингот за демократијата и загинатите, коj ќе биде одржан в недела, на 7 август, во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Со митингот во Истанбул ќе биде завршена и „Стражата за демократија”, која започна со повикот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упатен кон народот на 15 јули 2016 година, денот кога воените лица лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ се обидоа да извршат државен удар и да ја соборат демократски избраната влада и претседателот.
Претседателот на опозициската Партија на национално движење (МХП), Девлет Бахчели претходно го потврди учеството на митингот, додека лидерот на ЏХП, Киличдароглу и покрај упатениот повик во неколку наврати, изјави дека нема да присуствува.
Портпаролката на ЏХП, Селин Сајек Боке, на денешната конференција за новинари потврди дека Киличдароглу по телефон разговарал со премиерот Бинали Јилдирим и го потврдил своето доаѓање на митингот.
Митингот в недела ќе биде одржан во квартот Јеникапи во Истанбул, а се работи за митинг-простор кој може да прими дури 3,5 милиони луѓе.