свет

Швајцарија веќе нема да прима бегалци од Италија и Грција

Швајцарската влада веќе нема да прифати бегалци од Италија и Грција во рамките на програмата на Европската унија (ЕУ) за прераспределување на бегалците

Bayram Altuğ  | 02.07.2018 - Обновена : 02.07.2018
Швајцарија веќе нема да прима бегалци од Италија и Грција

Geneve

ЖЕНЕВА (АА) - Швајцарската влада веќе нема да прифаќа бегалци од Италија и Грција во рамките на програмата на Европската унија (ЕУ) за прераспределување на бегалците, пренесува Anadolu Agency (AA).

Еден од портпаролите на Федералниот секретаријат за миграции (SEM) во изјава за весникот „SonntagsBlick“ (СонтагсБлик) истакна дека немаат одреден план за прифаќање нови бегалци од Италија и Грција.

Швајцарската влада во 2015 година соопшти дека во рамките на овој план на ЕУ ќе прифати 1.500 бегалци од Италија и Грција.

Во овие рамки, 902 бегалци од Италија и 579 бегалци од Грција се преместија во Шведска.

Димитрис Аврамопулос, член на Европската комисија задолжен за миграции, внатрешни работи и државјанство, во есента 2017 година упати барање до Швајцарија да прифати колку што е можно поголем број бегалци.

Швајцарија го одби ова барање поради тоа што во Италија и Грција не останале бегалци кои ги исполнуваат критериумите на оваа програма на ЕУ.

Главниот критериум за тоа беше бегалците кои влегле во овие две земји за кои станува збор, да бидат регистрирани пред месец октомври 2017 година, од страна на надлежните служби на ЕУ за миграција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.