Hasan Esen
15 Март 2017•Ажурирај: 16 Март 2017
ХАГ (АА) – Холанѓаните денес гласаат на општите избори во сенка на расистичките реторики, антиисламизмот, ксенофобијата и скандалозниот став кон турските министри, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласањето за парламентарните избори во Холандија започна денес, во 7.30 часот по локално време. За 150 пратенички места на овие избори ќе се борат 114 кандидати и 28 партии. Ниту една партија на овие избори, во кои учествуваат и 27 кандидати од турско потекло, не се очекува да обезбеди мнозинство за самостојно формирање на владата.
Холанѓаните ќе имаат можност да гласаат до 21.00 часот по локално време. Се очекува првите резултати да бидат објавени во доцните вечерни часови. Веднаш по завршувањето на гласањето, холандските медиуми ќе почнат да ги објавуваат своите анкети во врска со резултатите. Официјалните резултати ќе бидат објавени на 21 март.
Преговорите за формирање на владата ќе започнат по официјалното објавување на изборните резултати. Процесот на формирање на владата, при кој партијата што ќе освои најголем број пратеници ќе им понуди коалиција на другите партии, се претпоставува дека ќе трае неколку дена, недели, дури и неколку месеци. На изборите во 1977 година, владата била формирана по 208 дена, додека на изборите во 2012 година процесот траеше 54 дена.
- Дипломатскиот скандал донесе повеќе гласови
Се очекува најмалку половина од 28-те партии што водат битка на изборите да не освојат ниту едно пратеничко место.
Според анкетата што вчера беше објавена од страна на компанијата за истражување „И и О“ (I&O), Либералната партија (ВВД) под водство на премиерот Марк Руте се наоѓа на првото место, и би требало да освои 27 пратенички места. По Руте, кој си ја зголеми поддршката по скандалозниот став кон турските министри и со екстремно десните реторики, следат Зелената левица и Демократи-66, со по 20 освоени гласа. Демохристијанската партија (ЦДА), која во последниот период е позната по антиисламските реторики, се предвидува дека ќе освои 19 гласа.
- Вилдерс ги губи гласовите
Партијата за слобода (ПВВ), под лидерство на екстремниот десничар Герт Вилдерс, продолжува да ги губи гласовите. Пред неколку недели, екстремно десната партија се очекуваше да освои 20 пратенички места, додека по губењето на гласовите се претставува дека ќе освои 16 пратенички места. Работничката партија (ПВДА) под водство на Лодевијк Ашер, која на изборите во 2012 година освои 28 пратенички места и беше коалициска партија во формирањето на владата, овој пат се предвидува да освои 12 пратенички места.
- ДЕНК, алтернатива за гласот на народот
На овие избори ќе учествува и партијата ДЕНК, формирана од страна на пратениците Тунахан Кузу и Селчук Озтурк, кои поради тоа што не дозволувале да се гласа за доверба за политиката за интеграција на ПВДА во текот на изборите биле исклучени од оваа партија. По подемот на антиисламизмот и антитурцизмот во Холандија, во последните години, ДЕНК влезе на политичката сцена со цел да биде гласот на народот, и се очекува да освои 3 пратенички места во парламентот.
Изборите се важни не само за Холандија, туку и за иднината на Европската Унија.