Melike Gallenkuş
01 Јули 2016•Ажурирај: 02 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Утврден е идентитетот на двајца од тројцата бомбаши-самоубици во нападот на аеродромот Ататурк во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на истрагата, која ја води Канцеларијата на обвинителството, откриен е идентитетот на двајцата од тројцата терористи во самоубиствениот бомбашки напад на аеродром Ататурк во Истанбул. Двајцата напаѓачи се Раким Булгаров и Вадим Османов. Се истакнува дека продолжува истрагата во насока на откривање на идентитетот на третиот терорист.
Идентитетот на Османов е откриен благодарение на фотокопијата на патната исправа која ја дал на агент за недвижности кога изнајмувал куќа.
Во ѓубриште, во близина на куќата во која биле сместени терористите, бил пронајден компјутер кој бил оштетен со шајка. Се прават напори да се извадат податоците од оштетениот компјутер.
Од друга страна обвинителството, вчера приведе 13 лица и го продолжи времето на нивниот притвор.