Ekipa
20 Септември 2017•Ажурирај: 21 Септември 2017
САН ХУАН (АА) - Хартли Хенри, советник на Рузвелт Скерит, премиерот на Доменика, изјави дека во карипската држава потврдени се седум смртни случаи од ураганот Марија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Хенри не откри детали во врска со тоа како починале лицата. Но, со претходно потврдените два смртни случаи на францускиот одтров Гуадалап, вкупниот број на загинати на Карибите се искачи на 9 лица.
Хенри додаде дека земјата е без електрична енергија и без комуникации. Во денешното соопштение се наведува и дека осторовот Доминика претрпел огромни загуби на станбените и јавни објекти, но дека штетата сѐ уште не е проценета. Ураганот Марија ја погоди островската држава Доминика во понеделникот и вторникот, а денес пристигна во Порторико.