Admir Fazlagic
25 Февруари 2016•Ажурирај: 26 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Колку бегалци од Македонија ќе излезат во Србија, токлу бегалци Македонија ќе пропушти да влезат од Грција. Оваа одлука стапува на сила од денес, а донесена е на синоќешната седница ја донесе Управувачкиот комитет, кој е највисокото тело задолжено за бегалската криза, јавува Anadolu Agency (AA).
"На синоќешната седница еден од заклучоците беше токму тој, колку бегалци од Македонија ќе излезат во Србија, толку бегалци Македонија ќе пропушти да влезат од Грција", потврди за АА портпаролката на ЦУК, Надица Вчкова.
На седницата, со која претседаваше министерот за здравство, Никола Тодоров, присуствуваа и министрите за транспорт и врски, Владо Мисајловски, за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за одбрана, Зоран Јолевски, и директорката на Центарот за управување со кризи, Сузана Салиу.
Ова тело донесе и заклучок да се следи состојбата со однесувањето на земјите од Балканот во врска со пропуштањето мигранти и според тоа да се носат одлуки.
Помеѓу останатото, на средбата било одлучено да се зајакне здравствената контрола во камповите, по пробемот кој настана со бегалците од Авганистан, кои подолго време заглавија во кампот на северот на Македонија.
Што се однесува до состојбата со бегалците од Авганистан кој веќе шести ден се заглавени на Табановце, поради неможност да влезат во Србија, Управувачкиот комитет на синоќешната седница разговарал на седницата да им понуди на бегалците Авганистанци во Табановце да се вратат во Грција, а доколку одбијат Македонија ќе ги следи постапките на останатите земји од Балканската рута.
"Се следи ситуацијата со бегалците Авганистанци заглавени на Табановце и моментално се водат преговори со земјите од Балканската рута, Словенија, Хрватска, Србија , за тоа што ќе се прави понатаму" , додаде Вчкова.
МВР вчера регистрираше 547 бегалци од Сирија и Ирак, додека не е издадена ниту една потврда на бегалци од Авганистан.
Од почетокот на годината до вчера, низ Македонија поминале вкупно 86.462 странски државјани.