Ekipa
18 Јули 2018•Ажурирај: 19 Јули 2018
БУДИМПЕШТА (АА) - Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, рече дека неговата земја ќе се повлече од Договорот на Обединетите нации за миграциите, кој треба да биде усвоен во декември, бидејќи тоа е против безбедносните интереси на Унгарија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Сијарто денес нагласи дека Глобалниот договор на ОН за безбедна, правилна и пропишана миграција, чија конечна верзија беше објавена минатата недела, е спротивен на здравиот разум и дека Унгарија се сомнева во неговиот необврзувачки статус.
Според премиерот Виктор Орбан, кој во април беше избран за трет последователен мандат, а четврт вкупно, Унгарија усвои стриктни мерки против миграцијата и го отежна добивањето азил за бегалците.
Документот на ОН е законски необврзувачки, кооперативна рамка која подразбира „поттикнување меѓународна соработка помеѓу сите релевантни чинители во областа на миграциите, потврдувајќи дека ниту една земја не може сама да ги реши миграциите и го поддржува суверенитетот на државите и нивните обврски кон меѓународното право“.