Yıldız Aktaş
02 Јануари 2017•Ажурирај: 02 Јануари 2017
АНКАРА (АА) – Турција стана омилена дестинација за филмските продуценти од различни делови на светот, поради нејзината богата историја и природа. Продуцентите најчесто доаѓаат за снимање документарни и телевизиски програми, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите што дописникот на АА ги доби од Генералниот директорат за филм,во Министерството за култура и туризам аплицирале различни продуцентски куќи од целиот свет, со цел да добијат дозвола за снимање во Турција.
Според податоците од Генералниот директорат за филм, во 2016 година стигнале 135 апликации за дозвола за снимање на проекти од продуцентски куќи од Германија, Австралија, Белгија, Обединетите Арапски Емирати, Бразил, Кина, Данска, Естонија, Финска, Франција, Јужна Африка, Јужна Кореја, Индија, Холандија, Англија, Ирска, Шпанија, Шкотска, Швајцарија, Јапонија, Канада, Катар, Куба, Либан, Малезија, Мексико, Пакистан, Руската Федерација, Србија, Саудиска Арабија, Свазиленд, Тајван, Украина, Грција и од САД.
Од поднесените апликации, 60 се однесуваат на документарен филм, 24 за телевизиски програми, 17 за реклами, 12 за кратки филмови, 8 за видеоклипови, 8 за фестивалски филмови, 5 за ТВ-новели и една апликација за филмски проект.
Продуцентската куќа „Мајндс Мит Филм“ од Белгија аплицираше за филмот на режисерот Булент Озтурк „Блу Сајланс“, Индиската продуцентска куќа „Шри Венкатеш филм“ за филмот „Ти, мојата приказна“ (Tere Meri Kahani), швајцарската продукција „Окофилм“ за филмот „Глаубенберг“, а Би-би-си аплицираше за снимање на документарецот „Храна: како функционира“.