Yunus Okur
02 Април 2017•Ажурирај: 03 Април 2017
ЕРЗУРУМ (АА) - Во акциите против терористичката организација ПКК спроведени во Турција за време од пет месеци, односно од 1 ноември 2016 до 31 март 2017, неутрализирани се 886 припадници на споменатата организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските вооружени сили (ТВС) и полициските екипи без оглед на временските услови продолжија да спроведуваат акции против терористичката организација ПКК во источна и југоисточна Анадолија, првенствено во Хакќари, Мардин, Мус, Битлис, Агри, Ширнак, Тунџели, Сирт, Батман, Бинѓол и Дијабакир, како и во нивната околина.

Иако повремено височината на снежната прекривка беше поголема од два метри, а температурите изразито ниски, припадниците на турските безбедносни сили посветено работат на спречување на терористите да ја загрозат безбедноста на населението, но и другите колеги, припадниците на безбедносните сили.
Во антитерористичките акции уништени се голем број на пештери и засолништа за кое се мислело дека се недостапни и неможе да се стигне до нив.
Покрај големата количина на документи, запленети се животни намирници, оружје, експлозивни направи но и муниција.
Тешки удари се нанесени и на изворите на финансирање на сепаратистичката организација која приходите ги остварува од криумчарење на дрога и цигари. Освен тоа, спречен е и голем број на можни терористички напади кои можеле да бидат изведени во пролетните месеци.
Во рамките на истрагата против тероризмот, од почетокот на ноември минатата година до крајот на март 2017 година приведени се 4.937 лица.
Меѓу нив се наоѓаат 2.015 уапсени меѓу кои и копретседателите на Народната демократска партија (ХДП) Селахатин Демирташ и Фиген Јуксекдаг. Покрај нив уапсени се уште неколку претставници на споменатата партија.
Исто така, уапсен е и Хамза. кој беше преведувач во американскиот конзулат во Адана.
Меѓу убиените терористи во акциите против ПКК спроведени во источна и југоисточна Анадолија се наоѓаат и десет терористи убиени во Мардин. Овие терористи, меѓу кои се наоѓаат и четворица наводно челници на одредени региони, кои штителе еден од водичите на ПКК, Мурат Карајилан.
Во операцијата во Татван, која припаѓа на покраината Битлис, неутрализирани се 12 терористи, од кои двајца се наоѓале на листа на барани терористи и тоа во сива категорија а листата ја издаде Министерството за внатрешни работи на Турција.
Во операцијата во Дијабакир и Бинѓол учествуваа повеќе од 7.000 припадници на безбендосните сили, а меѓу неутрализирани терористи се наоѓа и Едип Јетут со кодно име ”Ерхан Шишер” кој бил на листа на барани терористи и тоа во зелена категорија.