Турција

Турската полиција на мостовите на Босфорот за 3 години спречи 645 самоубиства

Дирекцијата за безбедност во Истанбул во 2015 година формираше посебен полициски одред на „преговарачи“, кој брои 24 полицајци, чија задача е да патролираат на мостовите во Истанбул и да ги спречуваат обидите за самоубиство со скокање во Босфор

Cansu Dikme  | 22.07.2018 - Обновена : 23.07.2018
Турската полиција на мостовите на Босфорот за 3 години спречи 645 самоубиства

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Турската полиција во последните 3 години спречи најмалку 645 лица во обид за самоубиство од трите истанбулски моста на Босфорот, јавува Anadolu Agency (AA).

Дирекцијата за безбедност во Истанбул во 2015 година формираше посебен полициски одред на „преговарачи“, кој брои 24 полицајци, чија задача е да патролираат на мостовите во Истанбул и да ги спречуваат обидите за самоубиство со скокање во Босфор.

Истанбулските мостови „Фатих Султан Мехмет“, „Јавуз Султан Селим“ и „Мостот на шехидите - 15 јули“, честопати се места за самоубиствени обиди.

Припадниците на полицискиот тим на преговарачи поминаа дополнителна обука од психологија, комуникација во кризни ситуации, контрола на гневот и читање на говорот на телото.

Припадникот на тимот, Мехмет Али Демир, изјави дека секогаш задачата е прво да се запознае лицето кое треба да се одврати од самоубиство.

„Преговорите се засноваат на информациите што ги собираме за лицето. Прво ги отстрануваме сите други луѓе од мостот и час или час и половина не се обидуваме да оствариме физички контакт со лицето со кое преговараме“, рече Саадетин Чакир, исто така член на преговарачкиот тим.

Истакнувајќи колку е среќен што можел да им помогне на лицата кои се обиделе да кренат рака на себе, Чакир рече дека во една пригода, дошло момче со факултетска диплома и му се заблагодарило за тоа што претходно го спасило на мостот.

„Се сеќавам како висеше на оградата на мостот. Забележав дека неговите раце се лизгаат и притрчав. Кога го прифатив, тој извика: ’Спаси ме, брату!‘“, рече Чакир.

И Фикрет Ердоган од тимот тврди дека е важно преговарачите да бидат обучени и однапред да го разберат мотивот поради кој лицето сака да се убие.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.