Kasım İleri
19 Декември 2018•Ажурирај: 19 Декември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - По наводите дека Соединетите Американски Држави (САД) подготвуваат повлекување на војската од Сирија, американскиот претседател, Доналд Трамп, соопшти дека ја поразиле терористичката организација ДЕАШ, која била единствената причина поради која Американците се наоѓале во Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Го поразивме ДЕАШ во Сирија, единствената причина поради која се наоѓавме таму за време на мојот мандат“, напиша Трамп на социјалната мрежа Твитер.
Потсетуваме, портпаролот на Пентагон, Роб Менинг, соопшти дека е продолжена соработката со партнерите на терен. Од друга страна, американските медиуми тврдат дека САД планираат целосно да повлечат околу 2.000 војници коишто се наоѓаат во Сирија.