Dzihat Aliju
01 Март 2017•Ажурирај: 02 Март 2017
СКОПЈЕ/НЕГОТИНО (АА) - Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Скопје на лицата со посебни потреби од Македонија им додели инвалидски колички на електромоторен погон, јавува Anadolu Agency (AA).
На церемонијата на доделување, која се одржа во една спортска сала, присуствуваа Махмут Чевик, претседателот на секторот на ТИКА за Балканот и Источна Европа, Теоман Тирјаки, координаторот на ТИКА - Скопје, заменикот-градоначалник на општина Чаир, Сулејман Баки, претседателот на Здружението за лица со инвалидитет „Шпреса“ Сефер Хисени, претставници на турски институции и организации во Македонија и голем број граѓани на Македонија.
Чевик на присутните новинари им изјави дека ТИКА во рамките на социјалните проекти, во Македонија и во регионот спроведува проекти во областа на здравството и социјалната солидарност.
Чевик истакна дека во фокусот на подготвените и спроведените проекти на ТИКА се луѓето и социјалните услуги, и дека во извршените услуги не е направена никаква верска, јазична, расна или некој друг вид поделба.
Претседателот на секторот на ТИКА за Балканот и Источна Европа, Чевик, рече дека делуваат според инструкциите дадени од страна на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, и додаде:
„Нашата цел е да дадеме свој придонес во проектите кои имаат различно значење и важност. Доделувањето на инвалидски колички на електромоторен погон на граѓаните со инвалидитет всушност не е подарок, туку наш придонес за нивниот борбен дух и наша поддршка, како Турска организација за развој, за борбата што ја водат со животот. Вложуваме напори нашите проекти за поддршка на лицата со инвалидитет, освен овде, да ги спроведеме и и за лицата со инвалидитет во останатите балкански и источно-европски земји и да бидеме заедно со нив“.
Баки рече дека доделувањето на инвалидските колички за лицата со инвалидитет во рамките на општината е еден од најубавите проекти на кои работела општината.
Хисени изјави дека е многу среќен од соработката во овој проект, и се заблагодари на ТИКА за дадената поддршка.
Во рамките на проектот, на граѓаните им беа доделени 10 инвалидски колички на електромоторен погон.
- Поддршка за „Проект за развој на овоштарството во Македонија“ -
Од друга страна, во централниот дел на Македонија, во селото Тимјаник, коешто се наоѓа во близина на градот Неготино, во рамките на „Проектот за развој на овоштарството во Македонија“, беше поделен овоштарски расад.
На средбата со жителите на селото, Чевик ги информираше за проектот.
Чевик истакна дека проектите и активностите кои ТИКА ги спроведува во Македонија на полето на земјоделството и сточарството имаат поинакво значење и додаде: „Со цел да го издигнеме животниот стандард на семејствата што живеат во руралните предели, започнавме со проект за развој на земјоделството за да го зголемиме квалитетот на производите“.
Чевик потсети дека програмата за развој на овоштарстото ја започнале во 2014 година, на 60 семејства им доделиле овоштарски расади давајќи своја поддршка во обуката околу одгледувањето, со цел развивање на овоштарството и зголемување на приходите на овие семејства.
Чевик додаде дека минатата година ТИКА предложила одгледување на цреши и ореви: „Доделувајќи околу 7.200 садници на црешни и ореви, обезбедивме приходи за семејствата од овој сектор. Се разбира дека наша цел при спроведувањето на овој проект е давање социјална поддршка. Во втората фаза од овој наш проект сакаме земјоделските експерти од Турција да им го пренесат своето знаење и искуство на земјоделците од Македонија. Спроведувајќи ги овие активности даваме придонес во земјоделскиот сектор во Македонија, а со тоа и свој придонес во македонската економија“.