İlkay Güder
25 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - Соопштението на Соединетите Американски Држави во врска со телефонскиот разговор меѓу претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и американскиот претседател, Доналд Трамп, не ја одразува целосната содржина на телефонскиот разговор на двајцата лидери, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава АА од изворите, во врска со телефонскиот разговор меѓу Ердоган и Трамп, соопштението на САД не ја одразува целосната содржина на разговорот.
Изворите велат дека Трамп не спомнал нешто за „загриженоста поради зголемените тензии“ околу операцијата во Африн, и дека не се разговарало нешто повеќе за операцијата освен размена на мислења.
Се истакнува дека американската страна се осврнала на потребата оваа операција да биде ограничена со одреден временски период, и на потребата дека не треба да се даде простор на можен жесток судир бидејќи САД има мало воено присуство во Мунбич.
Од турската страна истакнаа дека елементите на ПЈД/ЈПГ, како што ветиле претходно, треба да се повлечат во источниот дел на Еуфрат, и дека кога ќе се повлечат тие, Мунбич ќе биде заштитен од можна закана на ДЕАШ од страна на Слободната сириска војска, поддржана од страна на турските војници.
„Претседателот Ердоган укажа на важноста за ставање крај на поддршката со оружје на САД за ПЈД/ЈПГ. Трамп одговорил дека не им праќаат и нема да им праќаат оружје на ПЈД/ЈПГ. Трамп не користеше израз како 'деструктивни и лажни реторики од Турција'. Toj нагласи дека отворените критики за САД предизвикуваат вознемиреност кај нив. Претседателот одговорил дека политиките на САД, почнувајќи од давањето оружје за терористичката организација ПЈД/ЈПГ, па сè до овозможување засолниште за лидерот на ФЕТО, предизвикуваат огорченост кај турската јавност“, велат изворите, кои додаваат дека за време на разговорот не се осврнале на вонредната состојба во Турција.
„Трамп се осврна и на приведувањето на одредени американски државјани како и локален персонал во Турција, барајќи нивно ослободување. Како одговор на тоа, претседателот Ердоган потсети дека Турција е правна држава, и додаде дека овие прашања се наоѓаат пред судот, и дека судот ќе донесе конечна одлука по завршување на процесот“, соопштија изворите.