Hakan Çopur
17 Декември 2017•Ажурирај: 18 Декември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Под иницијатива на Турција, Советот за безбедност на Обединетите нации ќе ја разгледува нацрт-одлуката, која предвидува за законски неважечка да се прогласи одлуката на САД за признавање на Кудс како главен град на Израел, а која е во спротивност со постоечките одлуки на Обединетите нации, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од Министерството за надворешни работи, се предвидува оваа нацрт-одлука да биде разгледувана на утрешниот состанок.
Според соопштеното, нацрт-одлуката ќе биде предадена од страна на Египет, како земја-членка на Советот за безбедност при ОН, додека самито предлог е дело на Палестина.
Се истакнува дека Турција, која води интензивен дипломатски процес по одлуката на САД околу Кудс, во овој процес играла значајна улога.
- „Конечниот статус на Кудс се определува како резултат на преговорите“ -
Нацрт-одлуката се осврнува на досегашните резолуции на ОН во врска со Кудс и се вели дека конечниот статус на Кудс не се определува со еднострани чекори, туку се определува како резултат на мировните преговори меѓу Палестина и Израел.
- „Одлуката на САД треба да се поништи“ -
Во добиените информации се наведува дека сите еднострани чекори за промена на статусот и демографската структура на Кудс се неважечки одлуки кои не се законски обврзани и треба да се поништи во согласност со релативните одлуки.
Во нацрт-одлуката се упатува апел која било земја да не ја преместува својата амбасада во Кудс.
Се нагласува дека веројатноста САД да стават вето на оваа нацрт-одлука во Советот за бебедност на ОН е многу висока, и во тој случај предметот ќе се пренесе до Генералното собрание на ОН каде што ќе се вложи напор да се прифати со мнозинство од две третини.
Исто така, се нагласува дека една одлука на Генералното собрание на ОН ќе ги спречи чекорите за промена на статусот на Кудс.
Како што се наведува, Турција ќе игра активна улога во процесот во ОН, и ќе вложи напор за собирање на две третини од потписите.
Претседателот на САД, Доналд Трмап, на 6 декември еднострано го прогласи Кудс за главен град на Израел, а против оваа одлука се одржуваат протести во регионот и ширум светот.
- 50-годишна окупација на Кудс -
Источен Кудс беше окупиран на 5 јуни 1967 година од страна на Израел, кој во 1980 година источниот и западниот дел на градот еднострано ги прогласи за обединет главен град. Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), со резолуцијата 478 усвоена во 1980 година, ја прогласи за неважечка анексијата на Израел и прогласувањето за главен град. Во рамките на одлуките на Советот за безбедност при ОН, меѓународната заедница, вклучувајќи ги и САД, признаваат дека Источен Кудс е под окупација.
Амбасадите на сите земји кои ја признале админстрацијата на Израел се наоѓаат во Тел Авив. Ниту една земја не го признава Кудс или источниот и западниот дел како главен град.
Со потегот на Трамп, САД станаа првата земја што го призна Кудс како главен град на Израел. Администрацијата на Трамп, која го привлече вниманието на меѓународната заедница со својата одлука, ги отфрли предупредувањата дека регионот ќе биде втурнат во хаос, и оти спорот меѓу Израел и Арапите ќе стане уште понерешлив.
Мировните преговори меѓу Израел и Палестина во април 2014 година беа прекинати бидејќи Израел не ги прифаќа границите од 1967 година, за правото на Палестинците кои биле натерани на задолжителна миграција, како и ставање крај на изградбата на еврејски населби.