Emel Öz Gözellik
22 Ноември 2018•Ажурирај: 22 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Пожарот кој сѐ уште трае во северниот дел на сојузната американска држава Калифорнија и претставува најголем шумски пожар во историјата на оваа држава, досега одзеде 83 животи, јавува Anadolu Agency (AA).
Кори Хоне, шерифот на подрачјето Бат, информираше дека се пронајдени уште две тела, со што бројот на загинати во пожарот се искачи на 83.
Шерифот Хоне рече дека дождот ја попречува потрагата.
За исчезнати сѐ уште се водат околу 600 лица, а причинета е голема штета на најмалку 13.500 куќи.
На 8 ноември северниот дел на Калифорнија го зафати пожар, кој претставува најсмртоносен пожар во историјата на оваа американска сојузна држава.