Furkan Abdula
16 Јули 2018•Ажурирај: 16 Јули 2018
КОЏАЏИК (АА) - Под покровителство на Амбасадата на Турција во Скопје, и во организација на Турската агенција за координација и соработка (ТИКА) денес во селото Коџаџик при општина Центар Жупа се одржа панел дискусија на тема: „Рефлексијата на националното единство и деморкатијата на Балканот - силна Турција, силен Балкан“, по повод втората годишнина од обидот за државен удар во Турција, кој се случи на 15 јули во 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
На панелот учествуваа министерот без ресор Аднан Ќахил, заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар, пратеници, претседатели на политички партии, здруженија и фондации, претставници на турски институции и организации во земјата, како и голем број поканети гости.
Пред панелот, во џамијата во Коџаџик се одржа мевлуд, а потоа и марш кон спомен куќата на Али Риза Ефендија, таткото на Ататурк, каде што беа засадени дрвја во чест на загинатите на 15 јули.

Панелот започна со едноминутен молк и со интонирање на химната на Тyрција.
Амбасадорката на Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, во своето обраќање пред почетокот на панелот рече дека со новиот претседателски систем во Турција, со иницијативи во повеќе области, Турција ќе ја засили својата моќ. „Моќна Турција од аспект на политиката и економијата, значи моќен Балкан“, рече таа.
Кара истакна дека со Балканот имаат вековна историја и културно богатство, и дека очекуваат поддршка од сите земји, пред сè од Македонија, во борбата против терористичката организаицја ФЕТО.
По нејзиниот говор се одржа панел дискусијата на која говореа проф. д-р Сулејман Баки, професор на Тетовскиот универзитет, Тахсин Ибрахим, претседател на здружението АДЕКСАМ, проф. д-р Нуман Аруч, член на МАНУ, и проф. д-р Исмаил Коџајусуфоглу, ректор на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ).
Сулејман Баки нагласи дека терористичката организација ФЕТО веќе половина век во различни земји во светот, пред сè во Турција, ги злоупотребила муслиманите во име на религијата.

Тој истакна дека челникот на оваа терористичка организација, Фетула Ѓулен, со години различно ги коментирал Куранот и хадисите.
Тахсин Ибрахим, пак, нагласи дека Турција е секогаш во нивните молитви, и дека оваа терористичка организација собирајќи зекат и донации од сиромашните, и користејќи ги за свои потреби и интереси, сакала да има влијание во државите.
Нуман Аруч истакна дека на 15 јули турскиот народ покажа дека е жив, и посака вакви настани да не се случуваат. Како што истакна Аруч, на 15 јули е роден еден лидер, а тој лидер е Реџеп Таип Ердоган.
Исмаил Коџајусуфоглу рече дека јунаци се оние кои позитивно одговорија на повикот на Ердоган, кој таа ноќ го повика народот да излезе на улиците, и се осврна на значањето на образованието.