Mustafa Çalkaya
27 Август 2016•Ажурирај: 28 Август 2016
АНКАРА (АА) - Основано е Анонимно друштво за управување со Фондот за средства на Турција и подфондовите поврзани со овој фонд, јавува Anadolu Agency (AA).
Законот за основање на Анонимно друштво за управување со Фондот за средства на Турција и изменни на одредени закони, се објави во Службениот весник и стапи на сила. Според ова основната задача на основањето на Анонимното акционерско друштво на Фондот за средства на Турција и другите подфондови кои ќе бидат под надлежностите на Владата ќе биде воспоставување и управување на основните дејности на средствата, да придонесе за разновидноста на инструменти на пазарите на капиталот, да придонесе на домашната еконимија употребувајќи ги државните средства, да обезбеди надворешни извори и да учествуваат во големи инвестиции.
Анонимното друштво имајќи ја предвид ликвидноста со целите поставени во стратешкиот план за инвестиции и земјаќи ги предвид сите параметри на ризикот и повратот, учеството на домашните и странски компании, должничките инстирументи и издавачите на акции основани во Турција и странство, скаопоцените метали, Инструментите издадени на пазарот на капитал врз основа на деривативни инструменти на акциите на фондот, Сертификатите за изнајмување, имотните листови, дополнителни странски инвестиции за специјално дизајнираните возила и размената на другите возила ќе се реализираат во имете на Фондот за средства на Турција.
Капиталот на основање 50 милиони лири
Почетениот капитал на друштвото ќе изнесува 50 милиони лири и ќе бидат исплатени од Фондот за приватизација. Сите акции кои претставуваат уплатен капитал ќе бидат во сопственост на Дирекцијата за приватизација каде што ќе бидат регистрирани акциите на компаниите.
Управниот одбор на друштвото ќе се состои од 5 лица, претседателот, генералниот директор и членовите ќе бидат назначени од страна на премиерот. Со Анонимното акционерско друштво на фондот за средства на Турција од страна на управниот одбор ќе се направи 3 годишен стратешки план кој што ќе влезе во сила откако ќе биде одобрен од страна на Советот на министри.
За ресурсите на Фондот за средствата на Турција ќе одлучува Високит Совет за приватизација преку кој ќе се реализира за преносот на средства. Резултатот добиен од извшените активности и сите други вредности кои можат да бидат регистрирани ќе се регистрира во регистарот на Фондот за средства на Турција.
Контролата ќе ја вршат независни ревизори
Друштвото, и оние органзации кои ќе бидат основани од страна на друштвото , Фондот за средства на Турција и подфондовите коишто ќе се основаат ќе бидат предмет на независна ревизија каде што компаниите ќе бидат обврзани нивните активности да ги вршат во согласност со правилата на корпоративното управување од Законот на пазарот на капитал.