Bekim Laci
10 Февруари 2016•Ажурирано: 11 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во присуство на претседателот на Македонија и на дипломатскиот кор во земјата, министерот за надворешни работи на Чешката Република, Љубомир Заоралек, кој се наоѓа на официјална посета во Македонија, одржа говор по повод одбележувањето на 25-годишнината на Вишеградската група (Чешка, Унгарија, Словачка и Полска) и на отворањето на изложбата за историјата на соработка меѓу земјите од Вишеградската четворка, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи за пораките на Вишеградската група Заоралек рече дека истата повикува за соработка поради тоа што соработката ќе овозможи зголемување на довербата помеѓу земјите членки на групата, како и дека важноста на соработката помеѓу земјите е голема, бидејќи "делувањето во изолација е осудено на пропаст".
"Со текот на годините, во рамките на различни соработки на Вишеградската излегоа на виделина и активностите на меѓународни фондови. Најважно од сето ова е дека ние ги служиме нашите интереси за кои ги охрабрувааме граѓаните на нашите земји да соработуваат и да ги зајакнат врските меѓу себе ", рече Заоралек.
Тој додаде дека во 90-тите години некои лидери и фракции ги злоупотребувале проблематичните прашања во земјата преку промовирање на етничкиот национализам кажувајќи на присутните дека овој пат треба да се избегнува. "Ние за среќа го направивме вистинскиот избор", изјави чешкиот министер за надворешни работи, кој понатаму додаде дека " со тоа што на битисуваме на еден ист ден на континентот, нашите приоритети често се преплетуваат" .
По говорот на министерот за надворешни работи на Чешка Република, Заоралек, поканетите амбасадорите имаа можност да ја видат изложбата за историјата на соработка меѓу земјите од Вишеградската група.