Barış Seçkin
11 Април 2017•Ажурирај: 12 Април 2017
ЛУКА (AA) - Предлогот на Велика Британија за нови санкции кон Русија поради поддршка на режимот на Башар ал Асад во Сирија не е усвоен на денешното заседание на министрите за надворешни работи на седумте индустриски најразвиени земји (Г7) и на Европската Унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA).
Анџелино Алфано, шеф на италијанската дипломатија, изјави дека Русија во врска со тоа прашање не смее да биде оставена на страна.
Заседанието на седумте индустриски најразвиени земји (Г7) и на Европската Унија (ЕУ) на ниво на министри за надворешни работи, започна вчера, во италијанскиот град Лука.
Покрај домаќинот, министерот за надворешни работи на Италија, Анџелино Алфано, на заседанието присуствуваат и неговите колеги од САД, Рекс Тилерсон, Велика Британија, Борис Џонсон, Германија, Зигмар Габриел, Франција, Жан Марк Еро, Јапонија, Фумио Кишида, Канада, Кристија Фриленд и високиот претставник за надворешни работи и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини.