Besar Ademi
24 Февруари 2016•Ажурирај: 25 Февруари 2016
ГЕВГЕЛИЈА (АА) - Република Македонија на јужната граница дозволува влез на ограничен број на бегалци, додека продолжува со селекција на авганистанските бегалци, а потврди се издаваат на ирачаните и сиријците, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставниците на екипата на УНХЦР велат дека во Македонија влегуваат по 50 бегалци на час, додека на грчката страна чекаат на влез уште две илјади бегалци од Сирија и Ирак. Македонските надлежни институции велат дека бројот на бегалците кои ќе добијат потвврди за влез во земјата зависи од бројот колку ќе прифатат земјите од Западна Европа.
Преставник на УНХЦР на македонската јужната граница, Хаидар Фахад рече дека најголем број на бегалци кои ја преминуваат границата се од Сирија, а помал број од Ирак, додека за бегалците од Авганистан рече дека и тие што чекаа на грчка страна веќе се вратени во Атина.
"Македонската граница останува отворена за бегалците, но тие се пуштат во групи по 50 луѓе на час. Според нашите информации од грчка страна чекат над две илјади бегалци. Сите бегалци, вклучително и тие од грчката страна се од Сирија и Ирак, затоа што само овие две националности во моментов може да го продолжат патот до Западна Европа", рече Фахад.
Во врска со авганистанските бегалци, кои веќе се блокирани неколку дена на македонската северна граница, Фахад истакна дека ситуацијата со нив останува нејасна, како и не се знае за нивната суднбина.
Утрово 730 бегалци со воз беа транспортирани од Гевгелија до Табановце, северниот граничен премин на земјата, а во моментов во центарот за прием на бегалците "Винојуг" се наоѓаат околу 150 лица, сите од Сирија и Ирак.