Hamdi Yıldız
05 Септември 2018•Ажурирај: 05 Септември 2018
РАМАЛА (AA) - Израелските војници ранија најмалку тројца новинари, меѓу кои и фоторепортер на Anadolu Agency (AA), така што ги погодија со пластични куршуми за време на нивното следење на интервенцијата на израелската војска врз Палестинците во градот Рамала, на окупираниот Западен брег, јавува Anadolu Agnecy (AA).
Фоторепортерот на AA Исам Римави заедно со новинарите на француската новинска агенција AFP (Agence France-Presse) Абас Мумини и Џо Дике ги следеше интервенциите на израелските војници врз Палестинците во регионот Рас Каркар, недалеку од Рамала.
Израелските војници отворија оган на новинарите и со пластични куршуми ги ранија во пределот на нозете. Се работи за полесни повреди.