Can Erözden
10 Септември 2018•Ажурирај: 11 Септември 2018
СТОКХОЛМ (АА) - Левиот блок во Шведска не успеа да добие доволна поддршка за обезбедување мнозинство на вчерашните избори, што ги принудува да побара начини за соработка помеѓу блоковите, јавува Anadolu Agency (AA).
Според неофицијалните резултати, владејачките социјалдемократи освоија 40,6 отсто од гласовите, и се во мала предност пред централно-десничарската Алијанса, која на изборите освои 40,3 отсто.
Партиите од левиот блок ќе имаат 144 места, додека партиите од десниот блок 143, што навестува преговори за формирање Влада.
Вчерашното гласање, исто така, покажа дека крајно десничарските и антиимигрантски Шведски демократи (SD) го зголемија своето гласачко тело на 17,6 отсто од 12 отсто во 2014 година, што ги прави трета најголема партија во Шведска.
Шведските демократи имаат 62 места во Парламентот.
Шведскиот национален телевизиски канал СВТ (SVT) денес објави дека се отворени 99 отсто од гласачките кутии.
Околу 7,5 милиони гласачи изглегоа на вчерашните избори во Шведска.
За апсолутно мнозинство, еден блок треба да освои 175 места во шведскиот Парламент, кој се состои од вкупно 349 пратенички места.
Лидерот на Шведската умерена партија, Улф Кристерсон, го повика премиерот Лофвен да даде оставка.
Сепак, Лофвен истакна дека тие се победници на изборите. „Нема да поднесам оставка, ние имаме право да формираме нова влада“, рече тој.
Лидерот пак, на шведските демократи, Џими Акесон, истакна дека тие се единствените победници на изборите, упатувајќи повик до десниот блок да се формира коалиција.
Партиите од десниот блок претходно изјавија дека нема да формираат коалиција со Шведските демократи (SD).