Kristina Maslareviç
24 Април 2016•Ажурирај: 24 Април 2016
БЕЛГРАД (АДА) - Во 20:00 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните на Србија денес избираа нов состав на Народното собрание, и својот глас на еден од 20 листи на кои имаше шест малцински, можеа да дадат од утринава во седум часот, од кога беа отворени гласачките места, јавува Anadolu Agency (AA).
Иако гласачките места се затворени, граѓаните кои во тоа време се најдоа на гласачките места им беше овозможено да гласаат.
Првите прелиминарни резултати од изборите се очекуваат по 21:00 часот, како и податоците за вкупниот одѕив на изборите. Според податоците на Републичката изборна комисија, до 18:00 часот на предвремените парламентарни избори излегле 47,68 отсто од граѓаните.
Според податоците на Центарот за слободни избори и демократија (CeSID) до 17:00 часот излегле 43,5 отсто од гласачите, што е за два отсто повеќе во однос на изборите од 2014 година, во истото време.
Кога станува збор за неправилностите на гласачките места, според податоците на РИК и ЦеСИД, забележани се неправилност на избирачко место во Врање, каде што гласањето беше прекинато бидејќи гласач внел заокружено ливче за гласање. Ова гласачко место е затворено, а гласањето на тоа место ќе се поништи и ќе биде повторено.
Претседателот на Републичката изборна комисија Дејан Ѓурѓевиќ, како неточни ги отфрли гласините за голем број на прекршувања на изборните правила, а програмскиот директор на ЦеСИД, Ѓорѓе Вуковиќ, рече дека во Вождовац во Белград имало лажна дојава за поставена бомба, но дека тоа нема никаква врска со изборниот процес.
Нерегуларности се забележани и во неколку места кои не се отворени точно во седум часот, но, како што рече Вуковиќ, тоа не влијаело на изборниот процес.