Kristina Maslareviç
24 Април 2016•Ажурирај: 24 Април 2016
БЕЛГРАД (АА) - Точно во седум часот се отворени бирачките места на кои во текот на денот граѓаните на Србија ќе бидат во можност да гласаат за новиот состав на Народното собрание на вонредните парламентарни избори, јавува Anadolu Agency (AA).
Над шест и пол милиони бирачи, полнолетни граѓани на Србија кои имаат бирачко право, својот глас ќе може да го дадат на 8.378 избирачки места, од кои 29 во затворите, 38 во странство во конзуларно-дипломатските претставништва, а остатокот на територијата на Србија.
Регуларноста на изборите ќе ја следат околу две илјади набљудувачи, домашни и странски, а конечните резултати од изборите мора да бидат објавени најдоцна до 28-ми април во 20:00 часот. Првите неофицијални резултати од изборите може да се очекуваат за еден до два часа по затворањето на бирачките места во 20 часот.
Од 21-ви април на полноќ во Србија е на сила предизборниот молк, кој ќе трае до затворање на изборните места, вечерва во 20:00 часот.
Претходните парламентарни избори во Србија беа одржани на 16-ти март 2014 година и исто така беа вонредни. Освен новите 250 пратеници, кои ќе со сочинуваат Собранието на Србија, граѓаните денес ќе бираат и нова власт на редовните покраински и локални избори.