Hakan Çopur
19 Септември 2017•Ажурирај: 20 Септември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Во врска со структурата на терористичката организација на ФЕТО во САД, Роберт Амстердам објави книга под наслов „Империја на измами: Истрага за мрежата на изнајмени училишта на Ѓулен“. По објавувањето на книгата, Амстердам даде оглас во весникот „New York Times“ (Њујорк тајмс) во којшто зборува за начинот на којшто организацијата на ФЕТО „извлекува милиони долари“ од училиштата во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Роберт Амстердам, сопственик на адвокатската фирма „Amsterdam & Partners LLP“ (Амстердам и соработниците), во весникот „New York Times“ објави оглас за промоција на својата новообјавена книга.
Во огласот тој го користи насловот „Нема место за тајни во чартер (договорни) училишта“, истакнувајќи ги неправилностите во изнајмените училишта во САД од страна на ФЕТО.
„Додека му се дозволува на Фетула Ѓулен преку образовниот систем во САД да извлекува милиони долари, цената ја плаќаат американските ученици“, се вели во огласот, додавајќи дека до книгата може да се дојде преку интернет-адресата „empireofdeceit.com“. Во огласот е даден и бројот на новоотворената телефонска линија преку којашто е можно да се пријават нови обвинувања за корупција, во врска со училиштата кои се поврзани со ФЕТО.
- Извлечени се 243 милиони долари
Во книгата што на пазарот се појави на 13 септември, се открива дека ФЕТО преку своите изнајмени училишта во САД, досега извлекол околу 243 милиони долари.
Освен тоа, во огласот се вели дека 6.504 наставници, членови на ФЕТО кои работат во овие училишта, имаат работната виза „H-1B“, но се истакнува дека тие лица се неквалификувани за држење настава во САД.
Во книгата се изнесени информации според коишто на целата територија на САД, во 27 сојузни држави и во главниот град Вашингтон, ФЕТО има вкупно 199 изнајмени училишта во коишто настава посетуваат 81.000 ученици. Во книгата се наведува дека вкупниот приход на ФЕТО од овие училишта на годишно ниво изнесува 750 милиони долари.