Emel Öz Gözellik
12 Март 2018•Ажурирај: 12 Март 2018
АНКАРА (АА) - Патнички авион на авиокомпанијата на Бангладеш се урна во главниот град на Непал, Катманду, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на „Катманду Пост" (Kathmandu Post) авионот со околу 80 патници на авиокомпанијата „US-Bangla", се урна во близина на меѓународниот аеродром Трибхуван.
Службено лице од аеродромот истакна дека постои загриженост за жртвите.
На фотографиите и снимките објавени на социјалните мрежи се забележува чад во близина на аеродромот.