Nazmi Abduramani
22 Декември 2015•Ажурирај: 23 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) – Во изминативе 24 часа издадени се вкупно 1.492 потврди на странски државјани кои имаат намера за поднесување на барање за азил., се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни, јавува Anadolu Agency (AA).
Од овие баратели, 656 лица се од машки пол додека 324 од женски пол, кон нив се приклучуваат и 508 деца кои ги придружуваат носителите на потврда, како и четири деца кои патуваат без родители.
Меѓу лицата на кои им се издадени потврди најбројни се државјаните на Сирија – 739, Ирак – 404 и Авганистан – 349 лица.
Во периодот од 19 јуни до 21 декември годинава, до синоќа до полноќ, издадени се потврди на вкупно 357.713 странски државјани, се наведува во соопштението.