Selen Temizer
27 Октомври 2018•Ажурирај: 27 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Истанбул денес попладне ќе биде одржан Самит на лидерите за Сирија. Домаќин на Самитот е турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а ќе учествуваат и рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Франција, Емануел Макрон, јавува Anadolu Agency (AA).
Главни теми на Самитот ќе бидат обезбедување на постигнатото примирје во сирискиот град Идлиб и барање политичко решение за кризата во Сирија.
Планирано е на Самитот да се разговара за усогласување на заедничките напори за решавање на состојбата на терен, за Договорот за Идлиб и за политичкиот процес, како и за сите аспекти на сирискиот судир и пронаоѓање трајно решение за судирите.
На завршувањето на Самитот се очекува и усвојување на заедничка изјава на лидерите учесници.