Fatih Erel
18 Јануари 2017•Ажурирај: 18 Јануари 2017
ДАВОС (АА) – Заменик-претседателот на САД кој е во заминување, Џо Бајден, денес ги повика најбогатите луѓе на светот, кои сочинуваат 1% од светската популација, да го споделат своето богатство, јавува Anadolu Agency (AA).
Во последните денови од администрацијата на претседателот Барак Обама, Бајден се обрати на Светскиот економски форум во Давос, за последен пат како заменик-претседател, споделувајќи ги своите мислења за глобалната економија и за безбедноста, вклучувајќи ги и односите меѓу САД и Русија.
Бајден рече дека најбогатите луѓе на светот мораат да плаќаат повеќе даноци, и додаде: „Наведениот еден процент не ја носи тежината“.
Спротивно од идниот лидер на САД, Бајден ја опиша Русија како најголема закана за либералниот светски поредок истакнувајќи: „Мораме итно да дејствуваме за да го одбраниме либералниот меѓунарден поредок“.
„Либералниот светски поредок со Америка и во Европа, како и неговата срж, се темел на успехот што светот го ужива“, вели Бајден.
„Напорот да се скрши меѓународниот либерален поредок е главно воден од Русија“, додаде тој.
„Светот е веројатно побезбеден отколку што некогаш бил, но не изгледа така“, рече Бајден и додаде: „Постои очигледна неизвесност во врска со состојбата во светот“.
„НАТО е светска обврска којашто ние ја прифативме – напад на еден е напад на сите, што никогаш не треба да се стави во прашање“, истакна Бајден, за разлика од наследникот на Обама, кој изрази сомнеж во врска со алијансата.
Кинескиот претседател Си Ѓинпинг и новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп се очекува да доминираат на самитот, иако Трамп нема да присуствува на состанокот во Давос оваа година, поради неговата инаугурација како лидер на САД што ќе се одржи в петок, последниот ден од овогодишниот настан. Трамп упати закана дека ќе ги зголеми тарифите на стоката донесена од Кина кога ќе ја преземе функцијата.
Повеќе од 3.000 политичари и бизнисмени од 100 земји учествуваат на околу 400 сесии во швајцарскиот град.
Форумот исто така ќе се справи со широк спектар на теми, вклучувајќи ги конфликтите во Сирија и во Ирак, како и бегалската криза.
На Светскиот економски форум присуствуваат околу 30 светски лидери, вклучувајќи ги и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, генералниот директор на Светската трговска организација (WTO), Роберто Азеведо и претседателката на ММФ, Кристин Лагард.
Вицепремиерот на Турција, Мехмет Шимшек, ќе присуствува на форумот в петок, во интерву еден на еден.