Burcu Çalık
26 Август 2016•Ажурирај: 26 Август 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека терористичкиот напад во Чизре кој се случи утринава, ќе ја зајакне одлучноста на Турција во борбата против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган се осврна на последниот терористички напад во Чизре, недалку од југоисточниот град Ширнак, во кој загинаа најмалку 11 а ранети се 78 лица.
Турскиот претседател го осуди овој напад, на семејствата на загинатите им упати пораки на сочуство, и порача дека никој не смее да се сомнева во тоа дека борбата против тероризмот ќе биде успешна.
„Нападот кој е извршен во времето кога Турција води голема борба против терористичките организации внатре и надвор од земјата ќе ја зајакнат нашата одлучност како народ и како држава, во борбата против тероризмот. Никој нека не се сомнева дека борбата против терористичките напади ќе биде успешна чија мета на 15 јули беше нашиот народ, во Газиантеп нашите деца, во Артвин претседателот на главната опозициска партија” , изјави Ердоган и додадe:
„Турција никогаш нема да дозволи терористичките напади да успеат во своите валкани аспирации, но исто така тоа нема да го дозволи ни на нивните ограноци”.