Ekipa
07 Септември 2016•Ажурирај: 07 Септември 2016
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел тврди дека Германија остварила голем напредок во изминатата година во поглед на стотината илјади бегалци кои во таа земја дошле во 2015 година, но дека уште многу работи треба да се направат, јавува Anadolu Agency (AA).
Во своето обраќање денес во Парламентот, Меркел истакна дека владата ги забрзала мерките за интеграција на мигрантите, ги зголемила школските фондови со цел да се помогне нивната интеграција и дека соработува со градовите и со сојузните држави за пронаоѓање решение.
„Денешната ситуација со мигрантите е многупати подобра отколку што беше пред една година, но останува уште многу работи да се направат“, истакна Меркел.
Покрај останатото, германската канцеларка нагласува дека Германија сѐ уште ги подобрува механизмите за брзо процесуирање на мигрантите кои имаат мали шанси за добивање азил.