Nazlı Yüzbaşıoğlu
03 Септември 2016•Ажурирано: 04 Септември 2016
ХАНГЏОУ (АА) - Турскиот претседателот Реџеп Таип Ердоган истакна дека од минатиот самит на Г-20, на кој Турција беше домаќин во Анталија, досега приоритетите на Турција се инклузивноста, борбата со тероризмот и бегалската криза. Тој изјави: „Терористот не може да биде добар или лош. Сите терористи се лоши. Затоа треба сите заедно да заземеме принципиелен став против тероризмот“, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган, кој во пресрет на Самитот на лидерите на Г-20 се наоѓа во кинескиот град Ханџоу, во интервјуто за државната кинеска телевизија (CCTV) одговараше на прашања во врска со актуелните случувања.
- „Кина доживува сериозна трансформација“ -
Претседателот Ердоган беше прашан во врска со неговите впечатоци за економскиот раст и трансформацијата на Кина. Посочувајќи дека за него претставува задоволство да дојде во градот Ханџоу, Ердоган изјави: „Јас и порано честопати сум ја посетувал Република Кина, Кина сега доживува голема економска транформација“.
Ердоган истакна дека оваа трансформација ја забележал уште при влезот во центарот на градот од аеродромот: инсфраструктурата, екологијата, урбаните средини, и додаде дека екологијата му оставила посебен впечаток.
- Очекувањата од Г-20 -
Оценувајќи го како успешен минатогодишниот самит на Г-20, кој се одржа во Анталија, турскиот претседател Ердоган изјави: „Верувам дека и на овој самит ќе продолжиме постигнувајќи успеси“.
Исто така, тој рече дека на Самитот на Г-20 во Анталија, едно од приоритетните прашања за Турција било и вработувањето на жените.
„Во овој момент, нашиот главен проблем се елементите што ја развиваат глобалната стабилност. Еден од овие ризици е тероризмот, другиот бегалската криза“, истакна тој.
Посочувајќи дека најважната тема на самитот е инклузивноста, турскиот претседател рече: „Од економски аспект, Кина е силна земја. Но не е доволно само да бидеш силен од економски аспект. Нормално, ако ова на некој начин може да се докаже со успешно управување со финансиите, многу е важно за мирна и проспоритетна индина, и за државата и за народот. Затоа јас верувам дека во пресрет на Самитот на Г-20 ќе бидат остварени успешни средби“.
- Борбата против тероризмот -
На прашањето: „Во Вашите претходни изјави рековте дека најважниот резултат што произлезе од минатогодишниот Самит на Г-20 е цврстиот став на светските лидери во борбата против тероризмот. Но гледаме дека Турција сѐ уште е цел на терористички напади. Како можеме да ја зајакнеме соработката против тероризмот?“, претседатлот Ердоган истакна дека некои земји поради геостратешката положба се изложени на терористички напади.
„Некои земји имаат геостратешка положба. Поради ова, плаќаат голема цена“, одговори претседателот Ердоган.
Забележувајќи дека треба да се елиминираат двојните стандарди во врска со терористичките организации, Ердоган додаде: „Терористот не може да биде добар или лош. Сите терористи се лоши. Затоа треба сите заедно да заземеме принципиелен став против тероризмот. Сите оние што се придружуваат на терористичките организации се проклети. Ние на овој начин ги гледаме случувањата и на овој начин се бориме“.
- Улогата на Кина како глобална економја -
На прашањето како ја гледа улогата на Кина во управувањето на светската економија, турскиот претседател рече дека улогата на Кина е од голема важност, затоа што и покрај девизните резерви од 3,3 милијарди долари, Кина извезува во вредност од 2,3 милијарди долари и има трговски суфицит од 590 милијарди долари.
Ердоган исто така наведе дека Кина е најголема економија по САД и дека Кина поседува еден од најважните економски секотри во светот што ќе ѝ помогнат многу на светската економија. Ердоган за крај истакна дека ако Г-20 е повлијателна во борбата против сиромаштијата, светската економија ќе постигне уште поголем просперитет.