Besar Ademi
19 Октомври 2016•Ажурирај: 20 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во организација на здружението на дипломираните од Македонија на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ К. Маршал“ – Скопје, во Скопје беа претставени резултатите од истражувањето „Како да се подобри политичката одговорност во финансирањето на политичките партии во Косово: Истражување на алтернативни можности за подобрување на надзорот“, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа презентација е наменета за поттикнување на граѓанското општество во Македонија, за да се вклучи во развојот на истражувањето на политичките именувања и клиентелизмот, што ќе придонесе во демократските процеси на општеството. Според истражувањата, проблемот со политичките именувања и клиентелизмот е присутен во сите балкански земји.
Претседателот на Здружението на дипломирани од Македонија на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ К. Маршал“ – Скопје, Стојан Славески, изјави дека здружението што тој го води прави истражување во врска со политичкото именување и клиентелизмот. Според него, оваа истражување ќе придонесе во демократските процеси на македонското општество, но и во целиот регион.
„Навистина е тешко да се најде трагата, затоа што не се објавуваат редовни извештаи за финансиските средства. На крајот на краиштата, ова ќе влијае на општествената економија и го создава тананаречениот политички клиентелизам. Од каде доаѓа тоа богатство, од легални или од нелегални извори – ова е проблемот што се обработува во ваквите истражувања“, рече Славески.
Резултатите на спроведеното истражување се дадени во книгата „Моќта на неформалните мрежи, политичкото именување и клиентелизмот во Србија и Косово“, објавена од страна на Центарот за истражување, документација и публикација на Република Косово, поддржана од РРПП Вестерн Балканс (Регионална програма за промоција на истражувањата), програма којашто е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) при Федералното министерство за надворешни работи.
Директорката на Центарот за истражување, документација и публикација на Република Косово, Беса Кабаши-Рамај, рече дека иако нивното истражување за политичкото именување и клиентелизмот е извршено само во Косово и во Србија, резултатите докажуваат дека важно е истражувањето да се сподели со другите земји од регионот. Според неа, проблемот со политичкото именување и клиентелизмот не е присутен само во Косово, туку во целиот регион.
„Овој проект го истакнува проблемот со клиентелизмот и политичкото именување, негативните трендови во градењето на државата, како и на благосостојбата на граѓаните. Нормално, и покрај тоа што ние ова истражување го извршивме само во Косово и во Србија, историскиот дел ги адресира и поголемите проблеми што се прошируваат во регионот. Ние се надеваме дека ќе го поттикнеме граѓанското општество во Македонија да одговори на ваквите прашања“, рече Кабаши.
Истакнувајќи дека целиот регион се согласува оти борбата со корупцијата и организираниот криминал е клучот на успехот, таа додаде дека политичкото именување и клиентелизмот се поврзани со борбата против овој процес.