свет

„Европска армија не може да биде алтернатива за НАТО“

„Европска армија не може да биде алтернатива за НАТО. Денеска НАТО и онака претставува платформа за соработка меѓу сојузниците, како што е тоа случај во Косово или во Егејското Море“, рече Столтенберг.

Cüneyt Karadağ  | 15.11.2018 - Обновена : 15.11.2018
„Европска армија не може да биде алтернатива за НАТО“

Berlin

БЕРЛИН (АА) - Генералниот секратар на НАТО, Јенс Столтенберг, во врска со предлогот на Европската Унија (ЕУ) за формирање сопствена армија, рече „Европска армија не може да биде алтернатива за НАТО“, јавува Anadolu Agency (AA).

Столтенберг, зборувајќи за германскиот весник „Ди цајт“ („Die Zeit“), на прашањето за повикот на францускиот претседател Емануал Макрон за „вистинска европска армија“, рече дека Европејците со заеднички напори во одбраната, јасно ставиле до знаење дека е потребно зајакнувањето на столбот на НАТО во Европа.

„Сѐ додека е тоа во таа насока, со задоволство ги поддржувам напорите на Европа. Може да се прошири делбата на товарот, развивање на нови способности на новите војници и можно е да ѝ се помогне, за да се надмине распарчувањето на европската одбранбена индустрија. Но една Европска армија не може да биде алтернатива за НАТО. Денеска НАТО и онака претставува платформа за соработка меѓу сојузниците, како што е тоа случај во Косово или во Егејското Море“, изјави генералниот секретар на НАТО.

Столтенберг истакна дека во моментов многу е важно ЕУ да нема удвојување по актуелните прашања што ги води НАТО, и додаде:

„Ги поздравувам напорите за одбрана на Европа во рамките на НАТО. Повеќе од 90 отсто од државјаните на ЕУ живеат во земјите на НАТО. Без зајакнување на НАТО, не е можно зајакнување на одбраната на Европа.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın