Meryem Göktaş
04 Февруари 2018•Ажурирај: 05 Февруари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека во операцијата ‘Маслинова гранка’ што турските вооружени сили ги започнаа на 20. јануари со цел неутрализација на терористите во сириски Африн досега се неутрализирани 935 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган за актуелните прашања зборуваше на истанбулскиот аеродром Ататурк, пред заминувањето за Ватикан.
„Досега во операцијата ‘Маслинова гранка’ неутрализираи се 935 терористи”, изјави Ердоган.
Тој додаде дека на состанокот со папата Франциско ќе разговара за Палестина, Ерусалим, Палестина, Ерусалим (Кудс), Сирија, Ирак, борба против тероризмот, миграции, хуманитарна помош, но и борбата против исламофобија и расизам, кои според неговите зборови, се сѐ поголеми во западниот свет.
Тој истакна дека оваа дводневна посета на Ватикан ја гледа како голема можност да се укаже на заедничките човечки вредности и да се испрати порака на пријателство и мир.
Ердоган се осврна и на трговската размена меѓу Турција и Италија, додавајќи дека изминатата година таа изнесувала речиси 20 милијарди долари, истакнувајќи дека цел е размената во 2020 година да достигне 30 милијарди долари.
Турскиот претседател рече дека во текот на неговата посета ќе стане збор и за билатералните чекори кои треба да се преземат за да се оствари оваа цел.
Ердоган вечерва ќе ја започне дводневната посета на Ватикан, а планирана е средба со папата Франциско и државниот секретар на Светиот стол, кардиналот Пиетро Паролин.
Освен тоа, Ердоган би требало да се состане и со претседателот на Италија, Серџо Матарела и со италијанскиот премер Паоло Џентилони.
Ердоган е првиот претседател на Турција кој се наоѓа во посета на Ватикан по цели 59 години. Во повод посетата на Ердоган, во Рим се преземени високи мерки на безбедност.
Весникот La Repubblica претходно објави дека во Рим е воспоставена и зелена зона, во рамките на која за време на посетата на Ердоган на Рим, нема да бидат дозволени демонстрации. На тој начин е планирано спречување на провокации и недозволени активности на припадници на терористичката организација ПЈД/ПКК.