Nilay Kar
25 Февруари 2018•Ажурирај: 26 Февруари 2018
КОЏАЕЛИ (AA) – Премиерот на Р. Турција, Бинали Јилдирим, денеска изјави дека околу 350.000 сириски бегалци од Турција ќе се вратат во своите домови во сирискиот пограничен регион на Aфрин, јавува Anadolu Agency (AA).
„Со операцијата 'Маслинова гранка', турските сили не прават само голема работа за заштита на сопствениот интегритет, туку допринесуваат многу и во елиминирање на нестабилноста во Сирија. Откако ќе ги неутрализираме терористите, во Aфрин ќе се вратат околу 350.000 бегалци кои сега се згрижени во Турција“, рече Јилдирим.
Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната сириска војска, од 20 јануари ја спроведуваат операцијата „Маслинова гранк“ со цел неутрализирање на терористите на ПЈД-ЈПГ/ПКК/КЏК и ДЕАШ.
Од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“, од терористите ослободени се над 100 стратешки точки и неутрализирани се најмалку 2021 терористи.
Операцијата беше спроведена во согласност со турското право врз основа на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации (ОН), а Турција се повикува на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото за самоодбрана.
Турскиот премиер Јилдирим денеска предупреди дека никој не треба да ја потценува Турција и да предизвикува тензии во Егејското или во Средоземното Море.
„Турската морнарица е способна да неутрализира каква било опасност за нашата земја во сите околности“, рече Јилдирим.
Турција и Грција во 1996 година беа на прагот на избувнување на војна поради несогласувањата во врска со пустите острови Кардак во Егејското Море. Тензиите се присутни и во последниве недели.