Canberk Yüksel
05 Октомври 2016•Ажурирај: 06 Октомври 2016
ЊУЈОРК (АА) - Поранешниот португалски премиер Антонио Гутерес, ќе стане новиот генерален секретар на Обединетите нации (ОН), јавува Anadolu Agency (AA).
„Постигнат е договор, членките на Советот за безбедност на ОН ме избраа за нов генерален секретар на ОН. Среќен сум и почестен", напиша Гутерес на својот профил на Твитер.
Советот за безбедност денес гласаше по шести пат за нов генерален секретар на ОН, а Гутерес цело време беше во водство и беше пред Вук Јеремиќ и Мирослав Лајчак.
Договорот за новиот генерален секретар на ОН беше постигнат денес на неформалното гласање на Советот за безбедност на ОН, зад затворени врати.
Ниту една членка на Советот за безбедност на ОН со право на вето не гласаше против него, на шестото тајно гласање.
Официјалното гласање е предвидено за утре претпладне, на сосотанокот во Њујорк.
Одлуката на Советот за безбедност ќе биде официјално потврдена во четврток, по што за Гутерес ќе се изјасни и Генералното собрание на Обединетите нации.