култура и уметност

Распарченото дело на британскиот уличен уметник Бенкси продадено за 18,5 милиони фунти

Купувачот, кој не се откажа од делото, и покрај фактот што тоа беше распарчено со механизам на далечинско управување по продажбата која чинеше 1 милион фунти во 2018 година, оствари профит од 15 милиони фунти во период од три години.

Hasan Esen  | 15.10.2021 - Обновена : 16.10.2021
Распарченото дело на британскиот уличен уметник Бенкси продадено за 18,5 милиони фунти Фото: Виктор Шиманович / АА

ЛОНДОН 

Делото „Девојчето со црвен балон“ на британскиот уличен уметник Бенкси, кое беше распарчено по продажбата во 2018 година, овој пат е продадено за 18,5 милиони фунти, известува Агенција Анадолија (АА).

Аукциската куќа „Сотбис“ повторно на продажба го понуди ова дело на светски познатиот уметник, овој пат под име „Љубовта во канта за ѓубре“.

На аукцијата беа понудени 16 милиони фунти за ова уметничко дело, а заедно со провизијата на аукциската куќа, вкупниот трошок на продажбата чинеше 18.582.000 фунти. Оваа е нов рекорд на продажба на дело на овој уметник.

На купувачот, кој не се откажа од делото, и покрај фактот што тоа беше распарчено со механизам на далечинско управување по продажбата која чинеше 1 милион фунти во 2018 година, таквата негова одлука му оствари профит од 15 милиони фунти во период од три години.

Од аукциската куќа „Сотбис“ соопштија дека „механизмот за распарчување со далечински управувач кој е ставен вон употреба“ сѐ уште се наоѓа во рамката.

Ова дело, на кое е прикажано девојче кое посегнува по балон во форма на срце, е меѓу најрепродуцираните и најпознатите парчиња на Бенкси.

Претходно, делото на Бенкси, на кое се гледа како дете си игра со кукла на медицинска сестра, прикажана како суперхерој, се продаде за 16,8 милиони фунти во март 2021 година, додека делото на кое Долниот дом е исполнет со шимпанза, продадено е за 9,8 милиони фунти во 2019 година.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.