Murat Özgür Güvendik
13 Август 2022•Ажурирај: 15 Август 2022
МУРАТ ОЗЃУР ЃУВЕНДИК -
Музејот на апартхејдот, што се наоѓа во градот Јоханесбург во Јужноафриканската Република, ги носи своите посетители на застрашувачко патување кон блиската историја на земјата полна со расизам, јавува Агенција Анадолија (АА).
Јужноафриканската Република, која денес е една од најдемократските земји на Африка, во периодот од 1948 до 1994 година беше сведок на најголемите практики на расизам во историјата.
Во овие години, луѓето според закон беа категоризирани како „белци“, „црнци“, „шарени“ и „Азијци“, додека режимот на апартхејдот, што се засноваше на апсолутната надмоќност на белците во сите области, ја применуваше оваа практика со притисоци и насилство во сите нивоа на животот.
%2FAA-28639336.jpg)
Музејот на апартхејдот, што се наоѓа во Јужен Јоханесбург, со своите богати колекции од фотографии, документи и материјали во галериите сведочи на растот и распадот на еден период.
- „Белци“ и „небелци“
Од самиот влез, музејот се дели на две групи, „белци“ и „небелци“, нешто што ја одразува и суштината на прашањето на апартхејдот.
Посетителите кога ги купуваат влезните карти, случајно се вклучуваат во една од овие две групи, и во музејот можат да влезат само преку една врата.
%2FAA-28639337.jpg)
Во галеријата на влезот од музејот се изложени различни лични документи во железни кафези. Тоа на посетителите им нуди една интересна слика за расистичкото категоризирање од страна на режимот.
- Патување кон годините на апартхејдот
Колекциите во музејот кои се збогатени со аудиовизуелни материјали, на посетителите им овозможуваат патување кон периодот од 1910 до 1994 година во Јужноафриканската Република.
Посетителите на музејот имаат прилика да сведочат на почетокот и развојот на режимот на апартхејдот, борбата против апартхејдот и процесот на преминување во демократијата.
Галеријата именувана како „Политички егзекуции“ е меѓу најзастрашувачките делови на музејот, во кој се прикажуваат материјали за 131 лице кои покажале отпор против апартхејдот и биле егзекутирани од страна на расистичкиот режим.
%2FAA-28639339.jpg)
Исто така, во музејот се изложени фотографиите на лидерите кои воделе борба против апартхејдот, како Нелсон Мандела, Стив Бико, Гован Мбеки, Албертина Сисулу, Дезмонд Туту и Хелен Џозеф.
- Изложба за Нелсон Мандела
Во овој музеј има посебна изложба за Нелсон Мандела, првиот претседател црнец на Јужноафриканската Република, кој е избран на демократски начин.
%2FAA-28639344.jpg)
Во галеријата детално се прикажува животот на Мандела.
Музејот е отворен во 2001 година, додека надлежните од овој музеј им препорачуваат на посетителите да одвојат најмалку 3 часа за посетување на музејот.