Elena Trenchevska Chekovic
28 Мај 2026•Ажурирано: 28 Мај 2026
Издигнувајќи се над водите на реката Еуфрат во руралното подрачје на сириската провинција Рака, историската тврдина Џабар и понатаму привлекува посетители со уникатната околина и со архитектурата стара со векови, пишува Анадолу.
Тврдината, која се наоѓа на рид со поглед на реката, е едно од најпрепознатливите историски обележја на Северна Сирија и симбол на средновековното наследство на регионот.
Постојано се зголемува бројот на туристи што ја посетуваат тврдината за да ги видат древните камени градби и да се фотографираат со поглед на Еуфрат.
Тврдината, опкружена со вода и маркантна како локалитет, стана популарно место, особено за домашните посетители со порастот на температурите низ регионот.
И покрај годините со конфликт во Сирија, тврдината Џабар и понатаму ги чува трагите од историјата на областа покрај една од најважните реки на Блискиот Исток.
Локалитетот е едно од најпознатите историски обележја во регионот и покрај годините војна и разорување во земјата.