Ahmet Esad Şani
05 Декември 2018•Ажурирај: 06 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - По повод 15-годишнината од пријателските односи меѓу Скопје и Истанбул, во Истанбул отворена е изложба на фотографии „Духовните и материјалните бисери на Скопје“, јавува Anadolu Agency (AA).
Изложбата во Културниот центар „Фатих Али Емири“, отворена е во соработка со Канцеларијата за култура на Општина Истанбул и Музејот на Град Скопје.
Министерот за култура на Македонија, Асаф Адеми, во своето обраќање на отворањето на изложбата, на присутните им се обрати на турски јазик, изјавувајќи дека голем дел од членовите на неговото семејство и неговите пријатели живеат во Турција.
Заблагодарувајќи им се на сите што учествувале во организирањето на изложбата, министерот Адеми истакна дека и покрај тоа што неговиот турски не е многу добар, поради активноста и значењето на денот избрал да се обрати на турски јазик.
Потсетувајќи дека пред да пристигне на изложбата, имал средба со турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој, министерот Адеми рече дека и дипломатските и културните односи меѓу Македонија и Турција се многу добри.
Адеми посочи дека најголем придонес за одржувањето на добрите односи меѓу двете земји даваат македонските државјани што живеат во Турција. „Нашите луѓе што живеат тука, вие сте најдобриот мост. Знајте дека кога и да имате потреба, ние ќе се обидеме да ви помогнеме“, рече министерот Адеми.
- „Историјата на Скопје е дел од убавините“ -
Директорот на Кулурниот центар на Република Македонија во Истанбул, Рамадан Рамадани, на отворањето на изложбата изјави: „Сакаме да презентираме дел од историските убавини и културното наследство на Скопје“.
Заменик-директорот за културни активности на Општина Истанбул, Рабиа Бабаџан, рече дека на изложбата, преку фотографската уметност се става печат на културното богатство на мултикултурните контакти кои постојат меѓу народите на двете земји.
Информирајќи дека големото културно наследство на изложбата е распоредено хронолошки, протегајќи се од Византија до османлискиот период, Бабаџан истакна: „Дирекцијата за културни активности на Општина Истанбул има голема чест и задоволство што е во можност да организира изложба за културата на Македонија во Истанбул“.
- „Делата го отсликуваат идентитетот на градот“ -
Фросина Зафировска, директорка на Музејот на Град Скопје, рече дека организацијата на изложбата во исто време испраќа порака за продолжување на соработката и во иднина.
Зафировска им се заблагодари на сите што учествувале во изведбата на изложбата. „Делата претставени преку уметнички објективи, ни го претставуваат историското минато на градот Скопје и неговото сведоштво од Византија до османлискиот период. Делата го отсликуваат идентитетот на градот“, рече Зафировска.
Покрај љубителите на уметноста, на церемонијата по повод отворањето на изложбата учествуваа претставници на Министерството за култура на Р Македонија, Општина Истанбул и на Конзулатот на Република Македонија во Истанбул.
Музичката група „Duo Skupi“ свиреше турски, македонски и албански инструментали дела.
На изложбата беа претставени дела презентирани преку фотографска уметност, доловувајќи им ги на посетителите мултикултурните контакти што постојат меѓу двете земји, ставајќи печат на културното наследство.
Делата се поставени по хронолошки редослед, презентирајќи примероци од византискиот до османлискиот период.
На изложбата се наоѓаат фотографии на портата, турбето и гробиштата од некогашната „Бурмали џамија“, што се наоѓала на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје.
Презентирани се и фотографии од скопското Кале и Старата скопска чаршија, коишто се дел од богатото културно наследство на Скопје.
Изложбата во Културниот центар „Фатих Али Емири“ за посетителите ќе биде отворена до 20 декември.