Hasan Tosun
13 Октомври 2016•Ажурирај: 14 Октомври 2016
ВИЕНА (АА) - Наградените фотографии од конкурсот „АА истанбулски награди за фотографија 2016, што го организира Anadolu Agency (АА) се изложени во Институтот „Јунус Емре“ во Виена, јавува Anadolu Agency (AA).
Изложбата којашто првично се отвори во Музејскиот кварт во Виена, а подоцна беше преселена во Културниот центар на Институтот „Јунус Емре“ во Виена, има за цел да обезбеди визуелно резиме за најгласните настани во 2015 година.
На изложбата, награда добија околу 40 фотографии коишто претежно ја прикажуваат драмата во Сирија и доживеаните страдања на сириските бегалци.
Директорката на Институтот „Јунус Емре“ во Виена, Ајше Јорулмаз, во изјава за новинарот на АА рече дека Aгенцијата Анадолија на светско ниво има преземено историска одговорност и мисија затоа што преку фотографиите се обидува да потсети за доживеаната драма на невините луѓе.
Јорулмаз истакна дека на фотографиите се прикажани луѓе што го изгубиле животот во Сирија, Палестина, Ирак и по европските патишта. Исто така, тој истакна дека преку овие фотографии се информираат другите за повредените бегалци и за бегалците што се обидуваат да го спасат сопствениот живот.
„Мислам дека фотографиите се важен инструмент за пренесување на доживеаните настани. Ние, како Институт „Јунус Емре“ ги изложуваме овие фотографии со надеж дека ќе ги пренесеме доживеаните страдања во текот на 2015 година. Дај боже оваа изложба да биде причина за ставање крај на солзите на луѓето кои се жртви на војната и да бидат слушнати апелите за помош“.
Изложбата е организирана и спонзорирана од Дирекцијата за комуникации на АА, Фондот за промовирање при Владата, Турската државна авиокомпанија и Турската агенција за меѓународна соработка и развој (ТИКА). Изложена е фотографијата на сирискиот фоторепортер Абд Думани, насловена „Повиците на сириските деца за помош“; на Сергеј Пономарев, кој фотографираше за „Њујорк тајмс“ насловена „Бегалците“; на Санти Палакиос, насловена „Загрозени животи за пат во Европа“; на Иан Макникол, насловена „Во облик на срце“, како и фотографијата на Валери Шаригулин, насловена „Начинот на војната“.
Изложбата ќе биде отворена 2 месеца, во просторите на Културниот центар „Јунус Емре“ во Виена.