Здружение „Лотосици“ од Тузла: Сувенири од домашната работилница
-Сувенирите се со различни облици и димензии, а на нив има цртежи со препознатливи мотиви од Тузла како: тузланска коза, градска чешма, стари џамии, грбот на градот, хусинскиот рудар, Ледеровите кипови и други.????? ????????
14 Ноември 2015•Ажурирај: 15 Ноември 2015
ТУЗЛАТУЗЛА (АА) – Сувенири од дрво и магнети со обележја и симболи на градот Тузла, кои порано исклучиво се увезуваа како производи направени во соседните држави, од неодамна се произведуваат во работилниците на Здружението на хуманитарни организации „Лотусица“, каде ги креираат и изработуваат лица со инвалидитет, пишува Anadolu Agency (AA).
Сувенирите се со различни облици и димензии, а на нив има цртежи со препознатливи мотиви на Тузла како: тузланска коза, градска чешма, стари џамии, грбот на градот, хусинскиот рудар, Ледеровите кипови и други. Меѓу изложените сувенири се и оние на кои се изгравирани делови од Кур`анот, потоа Стариот мост во Мостар, како и пејсаж од македонскиот главен град, на кој пишува Скопје, а работен е по порачка.
„Нашето здружение е и основач на претпријатието „Лотосица“. Целта ни е засилување на лицата со инвалидитет, со различен и степен на инвалидитет, првенствено жени, кои минуваат низ едукативни и програми за креативно изразување, потоа професионална рехабилитацинја и вработување. Работиме со три погони во еден простор, тоа се погони за дрво и изработка на мебел, графички дизајн кој во најголем дел се ослонува на работа со дрво и кроење и шиење ХТЗ опрема и конфекциска облека“, објаснува Ениса Братановиќ, директорка на „Лотосица“
Таа додаде дека сите производи се со пристапни цени. А овие денови имаат полни раце работа поради нарачките за шиење опрема за медицински персонал од Австрија.
Соговорничката на АА нагласи дека секој вид ангажман е од големо значење за лицата со инвалидитет кои посебно се радуваат на петата по ред ревија на модни креации која е планирана за средината на декември, а сите заинтересирани можат да ги следат работилниците преку фејсбук профилот Лотусица.