Bedrudin Brljavac
15 Август 2020•Ажурирај: 15 Август 2020
САРАЕВО
Со светската премиера на филмот „Сконцентрирај се, бабо" (Koncentriši se, baba"), на босанско-херцеговскиот режисер Пјер Жалица вечерва во Сараево е отворено 26. издание на Сараево филм фестивал, кој ќе трае до 21 август, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пред самиот почеток на филмот, публката ширум светот со церемонијата на отворање на овогодинешното издание на СФФ, кој се одржува онлајн, ги поздрави Мирсад Пуриватра, директор на Сараево филм фестивал.
„Традиционално, Сараево филм фестивал го отвораат млади и перспективни босанско-херцеговски актери. Оваа година голема чест ми е да ја претставам сараевската актерка која ја играше главната улога во новиот хрватски филм „Глас" на Огњен Свиличиќ. Тој филм е во нашата програма", рече Пуриватра, претставувајќи ја актерката Белма Салкуниќ.
Потсети дека на овогодинешниот Сараево филм фестивал ќе се одржи во многу поинакви околности поради пандемијата.
„Пред нас е необично издание на СФФ, поради пандемијата на коронавирусот и нејзините ефекти кои влијаеа на нашите животи на начин незамислив на почетокот на оваа година. Уште еднаш се покажа дека културата во моментите на криза е најранлива кога станува збор за нејзиното производство, но и најзначајна кога е во прашање одржувањето на темелните општествени вредности", рече Пуриватра кој додаде дека културата мра да остане еден од клучните мостови во глобални рамки.
На гледачите им се брати и Пјер Жалица, режисерот на филмот „Сконцентрирај се, тато" со кој е отворено овогодинешното издание на СФФ.
„Голема чест и задоволство ми е што нашиот филм го отвора овогодинешниот фестивал. Она што е специфично во мојот живот е тоа што ва е трет пат со својот филм да го отворам СФФ. Секогаш тоа беше во ова фантастичко кино и секогаш беше поинаку. Знаев дека и овој пат ќе биде поинаку, но не можев ниту да сонувам дека ќе биде токму вака. Имаме привилегија и среќа што технологијата напредувала до таа мерка да сепак можеме заеднички на овој начин да го гледаме филмот. Се надевам дека и вие ќе уживте во гледањето на филмот, онолку колку што ние уживавме додека го правевме. Ви благодариме, уживајте во филмот и фестивалот", рече Жалица.
Поради влошената епидемиолошка ситуација во Кантонот Сараево, 26. Сараево филм фестивл во потполност се одржува во онлајн формат. Гледачите од целата БиХ и од регионот на онлајн платформата ondemand.sff.ba ќе можат да ги гледат филмските програми на Сараево филм фестивал. Преку оваа платформа на гледачите ќе им биде овозможен пристап и до придружните програми како што се предавања и разговори со авторите.
За наградите на Срцето на Сараево во Натпреварувчките програми на 26. Сараево филм фестивал вкупно ќе се натпреваруваат 49 филмови. Во четири натпреварувачки селекции - игран, документарен, краток и студентски филм - 29 филмови ќе забележат светска, 6 меѓународна, 2 европска, 11 регионална и 1 босанско-херцеговска премиера.
Оваа година, селекциониот тим под водство на Изета Граѓевиќ, креативната директорка на СФФ, прегледа 750 филма: 130 долгометражни играни, 220 документарни, 250 кратки и 150 студентски.
Програмата опфаќа филмови и автори од Северна Македонија, Албанија, Ерменија, Австрија, Азербејџан, БиХ, Бугарија, Хрватска, Кипар, Грција, Грузија, Унгарија, Малта, Молдавија, Црна Гора , Романија, Србија, Словенија и Турција.
Данскиот актер Мадс Микелсен е добитникот на наградата Почесното Срце на Сараево на 26. Сараево филм фестивал. Наградата се доделува за исклучителен придонес во филмската уметност. Во текот на фестивалот Микелсен ќе одржи Мастерклас кој фестивалската публика ќе може да го проследи онлајн.