култура и уметност

Во Анкара е отворена изложбата „Istanbul Photo Awards“

Изложбата им овозможува на случајните минувачи да ги погледнат најуспешните фотографии на меѓународниот натпревар за фотографии, кој се одржува секоја година од 2015 година со учество на околу 100.000 записи

Ali Murat Alhas  | 18.09.2019 - Обновена : 20.09.2019
Во Анкара е отворена изложбата „Istanbul Photo Awards“ Фото: Erçin Top/AA

АНКАРА (АА) - Anadolu Agency на Централната железничка станица во Анкара отвори изложба на која ќе бидат изложени наградените фотографии на меѓународниот „Istanbul Photo Awards 2019“.

Изложбата им овозможува на случајните минувачи да ги погледнат најуспешните фотографии на меѓународниот натпревар за фотографии, кој се одржува секоја година од 2015 година со учество на околу 100.000 записи.

„Како Министерство за култура и туризам, ги поздравуваме таквите напори и ги гледаме изложбите како значаен дел од нашиот културолошки живот, изјави заменик-министерот за култура и туризам“, Сердар Чам.

„Фотографиите, на кои се прикажани разни настани и инциденти, како што се миграцијата, природните непогоди, борбата на луѓето низ целиот свет - беа значајни и изборот за изложбата беше целосен успех“, додаде тој.

Главниот и одговорен уредник на Anadolu Agency, Метин Мутаноглу, истакна дека натпреварот ги охрабрил фотографите низ целиот свет, и додаде дека „Istanbul Photo Awards“ на Anadolu Agency докажал дека е престижен натпревар низ целиот свет.

Мутаноглу се заблагодари на „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines) и на Турската агенција за соработка и координација (TIKA) за нивниот придонес во меѓународниот натпревар за фотографии.

Победничка на овогодишната награда „Фотографија на годината“ беше фотографијата направена од Ахмад Гарабли од Француската новинска агенција (AFP), на која се гледа Палестинка, како му возвраќа на чинот на израелски војник кој се обидува да ја фотографира за време на протестите поради одлуката за преместување на американската Амбасада во Ерусалим.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın