Muhammed Emin Canik,Muhammet Nazım Taşcı
16 Август 2020•Ажурирај: 17 Август 2020
БУЕНОС АИРЕС/АНКАРА (АА) - Како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Индија починаа 944 лица, во Бразил 709, а во Мексико 635, пренесува Агенција Анадолија (АА).
- Индија -
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека од вирусот Ковид-19 во земјата починале уште 944 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 49.980.
Покрај тоа, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 63.490 случаи на овој вирус.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 2.589.682.
Досега во земјата од Ковид-19 оздравеа 1.862.258 лица.
- Бразил -
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, заедно со починатите 709 лицa, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 107.232 лицa.
Во земјата се откриени 41.576 новозаразени, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи коронавирусот порасна на 3.317.096.
Бројот на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 2.404.272.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Мексико -
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 635 лица.
Заедно со починатите во последните 24 часа, вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 56.543.
Во Мексико се откриени 6.345 нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во земјата се искачи на 517.714.
Досега во земјата од вирусот оздравеа 351.372 лица.