Gamze Türkoğlu Oğuz,Sinan Doğan
28 Август 2020•Ажурирај: 28 Август 2020
БУЕНОС АИРЕС / АНКАРА
Од последиците на заразувањето со коронавирусот (Ковид-19), во изминатите 24 часа во Индија починале 1.057 лица, во Бразил 984, а во Мексико 518 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бразил е најтешко погодена земја од пандемијата на Ковид-19 во Латинска Америка, а од Министерството за здравство на земјата соопштено е дека од последиците на заразувањето починале вкупно 118.649 лица, од кои 984 во последните 24 часа.
Во изминатите 24 часа во Бразил се потврдени 44.235 нови случаи на заразување, со што бројот на заразени од почетокот на пандемијата во таа земја е зголемен на 3.761.391.
Во Бразил од почетокот на пандемијата од инфекцијата на Ковид-19 оздравеа 2.947.250 лица.
Бразил, по САД е втора земја со најголем број заразени и најмногу смртни случаи од почетокот на пандемијата на Ковид-19.
Во Индија во изминатите 24 часа од последиците на заразувањето со коронавирусот починале уште 1.057 лица, со што бројот на смртните случаи во земјата е зголемен на 61.529.
Вкупно во Индија од почетокот на пандемијата заразувањето со коронавирусот е потврдено кај 3.387.500 лица, а досега оздравеа 2.583.948 лица. Во последните 24 часа забележани се 77.266 нови случаи на заразување.
Министерството за здравство на Мексико исто така објави преглед на епидемиолошката слика во која се наведува дека од почетокот на пандемијата во таа земја починале 62.594 заболени лица, од кои 518 во последните 24 часа.
Во Мексико во изминатиот ден се потврдени 6.026 нови случаи на заразување со коронавирусот, со што бројот на заразени од почетокот на пандемјата во таа земја е зголемен на 579.914. Оздравеа вкупно 400.479 заболени.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.