Muhammed Emin Canik,Zehra Ulucak
22 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
БУЕНО АИРЕС / АНКАРА
Пандемијата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа е причина за смртта на 1.367 во Бразил, 915 во Мексико и 648 лица во Индија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бразил е втора земја во светот најпогодена од пандемијата на коронавирусот. Во последните 24 часа од поселдици на заразеност со Ковид-19 во оваа земја животот го загубија 1.367 лица.
Според податоците на бразилското Министерство за здравство, вкупната бројка на смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19 изнесува 81.487, од кои 1.367 во последното деноноќие. Во истиот период се детектирани 41.008 случаи на коронавирус, зголемувајќи ја вкупната бројка на заразени на 2.159.654.
Државата Сао Паоло со популација од околу 46 милиони жители, која во исто време е и центар на трговијата во Бразил, претставува најпогоден регион во земјата со 422.669 заразени со коронавирусот и 20.171 смртни случаи.
Досега оздравеа 1.465.970 заразени со Ковид-19.
Бразил со население од над 211 милиони жители се именува како „епицентар на пандемијата“ во Латинска Америка.
Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, кој беше познат по својот скептичен однос кон пандемијата, соопшти дека е позитивен на коронавирусот.
- Во Мексико починаа 40.400 лица од последици предизвикани од коронавирусот
Според податоците на мексиканското Министерство за здравство, последните 24 часа од последици на заразеност со коронавирусот животот го загубиле 915 лица, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи поради Ковид-19 на 40.400.
Во Мексико вкупната бројка на лица кај кои е детектиран Ковид-19 е зголемена за 6.859 нови случаи и изнесува 356.255.
Досега оздравеа 227.165 лица заразени со коронавирусот.
- Бројката на смртни случаи во Индија се зголеми на 28.732
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Индија, последните 24 часа починале 648 лица заразени со коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во земјата на 28.732.
Во истиот период зголемена е бројката на позитивни случаи на Ковид-19 за 37.724 лица, со што вкупната бројка на лица заразени со коронавирусот изнесува 192.915.
Досега оздравеа 753.050 лица заразени со коронавирусот.
Според податоците објавени на интернет страницата „Worldometer“, Индија е трета земја во светот според бројката на детектирани случаи на заразеност со Ковид-19.